На 21.08.2023 во СВР Струмица, Д.П.(74) од Струмица пријавила дека за време на семејна прослава на 18.08.2023 во угостителски објект во Струмица, нејзиниот сопруг Ѓ.П.(74) бил турнат од едно лице од оркестарот, по што паднал и се повредил.
Ѓ.П. бил пренесен во Општа болница Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.