Кобна сообраќајна несреќа во која загинаа 46-годишен маж и неговиот 17-годишен син се случила синоќа во Санторини, поточно во селото Акротири, јавуваат грчките медиуми.
Според информациите, трагичната несреќа се случила кога возач на автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, поради што преминал во спротивната лента и се судрил со комбе што доаѓало од другата страна. Резултатот од судирот бил моментална смрт на двајцата патници во автомобилот.
Двете жртви на семејната трагедија дошле од Емпорио во Санторини, јавуваат медиумите. Возачот на комбето е повреден. Противпожарната бригада на островот пристигнала на местото на настанот, со нивниот командант, кој бил сведок на шокантната несреќа. Загинатите биле извлечени од возилото и пренесени во болницата во Санторини каде што била констатирана смрт.
Точните причини и околности за сообраќајната незгода дополнително се истражуваат.