Семејна трагедија се случила денеска попладне во Евританија, централна Грција, кога маж го застрелал и го убил својот брат.
Според информациите, двајцата браќа рано попладне биле во маалското кафуле, без ништо да го навестува убиството. Во еден момент заминале да одат на вечера кај мајка им.
Таму од засега непозната причина се расправале. Сторителот на убиството, по професија градежник, излегол од куќата, извадил пушка и го застрелал коњот на неговиот брат, кој по професија е одгледувач на коњи.
Кога излегол од куќата да види што се случило, брат му ја вперил пушката во него и го застрелал во градите, при што го усмртил.
Екипа на брза помош и полициски службеници излегле на местото на настанот за да го истражат случајот, додека сторителот, според ЕРТ, е уапсен.