Две лица починаа во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатната станица Миладиновци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое било управувано од 34-годишниот Б.А. од кумановското село Опае, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.
Во сообраќајката, од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен син, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот, приведени биле возачот на товарното возило – Р.П. и одговорното лице на правниот субјект – 55-годишниот П.М. од скопско.