Трагедија се случи денеака попладне во селото Циливи на грчкиот оатров Закинтос, кога 3-годишно дете се удави во базен на вила, каде што заминало на одмор со семејството.
Инцидентот се случил кога детето под неразјаснети околности било пронајдено во базенот додека останатите членови на семејството биле внатре во вилата и се подготвувале да излезат на ручек.
Детето во несвест го пронашол неговиот дедо и веднаш била известена итната помош.
Спасувачите на тригодишното дете му укажале прва помош, а потоа детето било пренесено во болница каде била констатирана смрт.
Детето од Бангладеш дошло на одмор од Велика Британија на Закинтос заедно со неговата мајка, неговите две тетки и неговите баба и дедо. Веста за трагедијата ја шокираше локалната заедница, додека властите спроведуваат истрага за точните околности на инцидентот.