Во страшна сообраќајка кај Лесковац едно лице загина, а четворица се повредени, јавуваат повеќе српски медиуми, пренесува Блиц.рс.

Несреќата се случила, како што неофицијално се дознава, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната банкина, која потоа влегла низ возилото.

– Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена. Станува збор за семејство од Северна Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, објави Блиц.рс.

На овој дел од автопатот настанал голем сообраќаен метеж.