Лаура Хоџсон и нејзиното семејство биле принудени да потрошат поголем дел од парите за да платат за ново привремено сместување, откако дознале дека хотелот за кој платиле е затворен.

Британското семејство платило за летен одмор во Арона, град во Шпанија во близина на Тенерифе. Кога пристигнале и отишле во хотелот биле стаписани од глетката. Хотелот бил затворен и никој не ги известил. Потоа почнаа да размислуваат за кампување на плажа, пишува Мирор.

Мајката Лаура (39) и нејзиниот партнер Џексон (29), со нивните три деца, требало да останат во хотелот неколку дена. Тие слетале во Шпанија на 17 јули и тогаш започна нивниот „одмор од соништата“.

По слетувањето, семејството отишло во хотелот каде што нашле празен базен, исклучени светла и затворена врата. Кога се обиделе да стапат во контакт со агентот и да дознаат за што станува збор, никој не им се јавил.

– Имаше прашина на сите прозорци и изгледаше како да е затворено со месеци. Прошетавме низ хотелот и забележавме дека нема вода во базенот, а внатре има прекривка. Кога се обидовме да контактираме со некого, никој не одговори на телефонот, рекоа тие.

– Не знаевме што да правиме, во еден момент навистина мислевме дека можеби ќе треба да спиеме на плажа, па отидовме во друг хотел да побараме помош. Дечкото што го најдовме во другиот хотел беше многу љубезен. Ни кажа дека многу луѓе дошле да прашаат што се случува, рече Лаура.

На семејството Хоџсон му беше понудено краткорочно сместување во блискиот хотел, кое чинело 545 евра за пет лица – „скоро сите нивни пари кои ги носеле дополнително“.

– Не ни беше лесно, кружевме околу хотелот и не знаевме што се случува. Отидоа 24 часа од одморот, но „летнаа“ и парите што ги плативме пред летото, рече друго измамено семејство.

Родителите велат дека им било полесно кога нашле сместување, по стравот дека нема да имаат каде да спијат, но велат дека се уште не добиле одговори од компанијата зошто не биле известени порано.

Сепак, компанијата преку која семејството платило за летниот одмор, подоцна ги повикало. Потоа им рекле дека ќе им бидат вратени сите пари и дека не знаат што навистина се случува. Некои хотели не се отворија по карантинот поради пандемијата на вирусот корона и не објавија јавна објава за да спречат такви ситуации.

Семејството се вратило во Велика Британија на 24 јули, каде успеале да ги повратат сите пари од агенцијата за неуспешното патување, пишува Мирор.