Три деца и брачен пар кои биле во автомобил со српски регистарски таблички се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случила кај Љеш (Lezhë) во Албанија.
Според медиумите, до несреќата дошло кога автомобил со српски регистарски таблички налетал на насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.
Автомобилот излетал од патот, а во несреќата се повредени три деца и брачен пар. Повредените се пренесени во болница, а жената е во тешка состојба.
На социјалните мрежи се појави видео од местото на настанот, а како што можете да видите на видеото, делови од автомобилот се расфрлани на патот.
Според медиумите, семејството било на летен одмор во Албанија. Полицијата е на терен, а се сомнева дека брзината и влажниот коловоз предизвикале губење на контролата на возилото.