Туристите од Србија кои со автомобил заминуваат на летување во Грција мора да имаат валиден пасош, возачка и сообраќајна дозвола и зелен картон. Задолжително проверете пред вашето патување дали имате валидни документи со вас, за да не ве вратат од граница.

На Фејсбук страницата „Грчка инфо“ се појави известување со кое се потсетуваат туристите да ги проверат своите документи пред да тргнат за да избегнат непријатни ситуации на граница.

– Ве молиме проверете пред вашето тргнување дали вашата возачка дозвола е истечена. Само што згриживме едно семејство кое беше вратено од граница затоа што им беше истечена возачката дозвола. Своето патување до Платамон среќно ќе го продолжат со автобус, но сигурно не им било лесно. Затоа проверете ја вашата возачка дозвола, зелениот картон, пасошите до кога важат! Со среќа – стои во објавата на профилот на „Грчка инфо“.

Еве што е потребно од документите

Пасошот за Грција мора да важи минимум три месеци од датумот на планираното враќање, но меѓу документите мора да го имате со себе и европскиот формулар за пријавување сообраќајна незгода, меѓународно овластување односно жолта карта доколку возилото не е регистрирано на ваше име, пишува „Грчка инфо“.