Виолета Анџиќ (24) загина во четвртокот во страшна сообраќајна несреќа кога автобус се заби во автомобил „дачија“ во која била со своето момче во близина на гробиштата Орловача во Белград. Убавата Виолета беше погребана во саботата, а нејзините неутешни роднини и пријатели се уште ја оплакуваат, па со потресни пораки се простуваат од неа на социјалните мрежи.
Да потсетиме, несреќата се случи на 12 декември околу 17 часот и 40 минути на обиколницата околу Белград, кога се судриле автобус од Албанија и автомобил „дачија“ во кој била Виолета.
Според првичните информации, возачот на автобусот возел со несоодветна брзина и во еден момент изгубил контрола над возилото. Тој одзади удрил во „дачијата“ која од силината на ударот неколку пати се свртела на патот. По превртувањето, автомобилот удрил во бетонски ѕид.
Автомобилот бил целосно смачкан, а девојката починала на лице место, додека нејзиното момче е повредено.
Како што веќе споменавме, на социјалните мрежи од неа се простија бројни познаници на убавата и млада девојка.
– Убава кукла на тета, да те чуваат ангелите – напиша една жена под објавата за страшната несреќа, а потоа коментарите продолжија да доаѓаат:
– Драга моја… Виолета, ќе те паметам како млада, убава и искрена девојка. Жал ми е што си замина прерано. Сочувство до семејството.
„Тага до небо“, „Ангелите да те чуваат“, „Боже, зошто се случи ова“ – ова се само дел од бројните коментари кои можеа да се прочитаат под објавата.
Во тек е истрага
Инаку, Виолета Анџиќ беше погребана во саботата на 14 декември на гробиштата Шешко во Дек, општина Пеќинци. Неутешените родители, сестра и други роднини, пријатели и познаници дојдоа да ја испратат во вечното почивање.
Истрагата за оваа несреќа се уште трае, а возачот на автобусот кој се судрил со „дачиата“ по несреќата бил алкотестиран и било утврдено дека не бил под дејство на алкохол. Исто така, дежурниот обвинител нареди возилата кои учествувале во судирот да бидат испратени на вонреден технички преглед.
Обвинителот нареди да се изврши обдукција на телото со која ќе се утврдат повредите со кои се здобила младата девојка која се наоѓала на совозачкото седиште.