Две млади девојки загинаа, а четири лица се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи на патот Бјелина – Велика Обарска, кога автомобил се судри со товарно возило.
Жртви се средношколките Сара Перковиќ (19) од Којчиновац кај Бјелина и Марија Вилотиќ (19) од Дворови кај Бјелина, додека матурантката Ана Голе е префрлена во Белград, а лекарите во Ургентниот центар се борат за нејзиниот живот. Зад воланот на автомобилот била уште една матурантка која се сомнева дека таа ја предизвикала несреќата.
Невидена трагедија
Според полициската управа Бјелина, во несреќата учествувале патничко возило марка „Форд“, со совозач и двајца сопатници и товарно возило „пежо“ управувано од Ц.Т., во кое бил совозачот М.Т.
– Две девојчиња загинаа, додека останатите лица од двете возила поради здобиените повреди се пренесени во надлежната здравствена установа за укажување лекарска помош – се наведува во соопштението.
– Ова е трагедија каква што досега нема видено ова училиште – изјавија за „ИнфоБијелина“ жителите на Бијелина.