Здравствениот одбор на Јужен Велс му се извини на едно семејство откако мешаница во болница доведе до кремирање на погрешна личност, јавуваат локалните медиуми.
Роднините направиле погреб кога од болницата го добиле телото,но подоцна во мртовечницата на универзитетската болница Гранџ во Квмбран била констатирана грешка. Семејството го добило телото на починат за кого се верува дека нема живи членови на семејството. Семејстовто потоа направило нов помен за саканата личност.
Шефовите на болницата рекоа дека им е „длабоко жал“ за, како што го опишаа како „изолиран инцидент“ и „исклучителен случај“. Покрената е внатрешна истрага за околностите во кои погрешното тело му било дадено на семејството пред да биде кремирано.
– Целосно сме уништени од она што му се случи на семејството и преземаме одговорност за овој изолиран инцидент. Зборовите не можат да изразат колку ни е жал. Се сретнавме со семејството за целосно да ги информираме за оваа состојба и да им пружиме онолку колку што им е потребна поддршка – изјави портпаролот на здравствениот одбор на Универзитетската болница, Анеурин Беван и додаде:
-Исто така би сакале да ја увериме јавноста дека се работи за исклучителен случај. Оваа грешка ја идентификувавме преку нашите сопствени процеси и по првичен преглед сме убедени дека се работи за човечка грешка во изолиран случај. Сепак, ние продолжуваме да ги истражуваме околностите на овој инцидент и редовно ќе ги ажурираме членовите на семејството во текот на нашата истрага.