Семејството Фехратовиќ од Нови Пазар синоќа доживеало страшна сообраќајна несреќа на патот Сјеница – Пријепоље, кога младиот Џенан Кориќ со автомобил мерцедес директно влетал во нивното возило.

Семејството и пријателите на ова семејство се збогуваа со Хасредин Фехратовиќ (42) и неговата најмлада ќерка, која меѓу другите, синоќа била во автомобилот со своето семејство.

Инаку, семејството Фехратовиќ се враќало од одмор кога Џенан Кориќ, млад човек од Сјеница, кој им го пресекол патот предизвикал страшен судар во кој и тој го загубил животот. Нивните пријатели се уште се во шок што Хасредин и неговата најмала ќерка повеќе ги нема.

– Работиш, се мачиш и создаваш семејство и одиш на одмор да земеш здив од се, да ги посетиш роднините и на враќање дома некој си дава за право да вози како што не треба. За тагата на сите нас сограѓани кон семејството Фехратовиќ и тагата на семејството Фехратовиќ што минува низ толку голема болка, ние како сограѓани можеме да му се молиме на Алах и да испратиме молитви за нашиот Хасредин и девојчето, напиша еден од сограѓаните на ова семејство.

Граѓаните се бесни поради насилното возење кое се почесто е забележано на нивните улици, а сега однесе три животи.

-На луѓето најмногу им е жал кога се убиваат невини луѓе, особено кога се убива дете. Сите сме тажни поради тоа, Аллах да им даде убав рај, а на остатокот од семејството Фехратовиќ да им даде мир – се вели во една од објавите.

За потсетување, судирот бил толку силен што делови од автомобилот биле расфрлани на патот. Очевидци тврдат дека Кориќ возел со несоодветна брзина додека ја престигнувал колоната, а кога изгубил контрола над автомобилот директно удрил во „аудито“ во кое биле членовите на семејството Фехратовиќ.

Пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот, како и екипа на Брза помош која им дала помош на сите повредени, но набрзо три лица им подлегнале на повредите, додека другото девојче и нејзината мајка се уште се борат за живот.

Младиот Кориќ кој ја предизвикал трагедијата