Пунктот за сликање во ПС Пролет од денеска се трансформира, граѓаните имаат на располагање повеќе базни станици за сликање. Целта со ова е да се избегне хаосот којшто претходно се создаваше.

Од денеска во овој пункт граѓаните овде ќе доаѓаат само со закажани термини. Оние кои добиле термин за сликање на територијата на град Скопје за до крајот на април ќе го искористат тој термин, граѓаните пак кои требало да се појават во пунктот од мај веќе добиваат телефонски повици од службите и доаѓаат.

-Завршив работа денеска, инаку на 8 мај требаше да дојдам, и сега побргу се завршува работа.

-Исто и јас дојдов со сопругот, имавме за термин за 8 мај но ми се јавија за денеска да дојдам. Сега фативме пауза, ама ќе почекаме.

Со цел да се воведе ред полициските службеници ги повикуваат. Во самиот пункт сега на располагање се 14 оддели за фотографирање. Граѓаните велат дека претходно се чекало со часови, но сега бидејќи гужвите значително се намалени се завршува побргу.

-Ми беше закажано за во мај, но ми се јавија за да дојдам денеска во 12.30 часот, и еве чекам, нема многу гужва.

-Претходно чекавме со саати, смрзнувавме, имаше многу голем ред. Тогаш имаше само еден, и уште еден отворија, а сега еве има 14 паравани, веројатно ќе оди побргу.

-Не чекам долго. Имав закажан термин за 7 мај, но вчера ми се јавија и ми закажаа за денеска, гужви сега нема.

Сепак се уште останува проблем подигнувањето на готовите документи во пунктот во мртв..проблем се уште е и телефонското закажување, поради преоптовареност на линиите ,но и закажувањето по пат на интернет.. Министерот Панче Тошковски вели дека овој проблем наскоро ќе се надмине.

-Ве молам оние коишто имаат закажано термин да не ѕвонат. Сите кои имаат закажано термини телефонски ќе бидат исконтактирани од службите. Сите оние луѓе кои имаат резервирано со април термините остануваат бидејќи тие ќе се сервисирани во пунктовите коишто досега функционирале со телефонски закажувања. Овој пункт за прв пат од денеска е внесен во рамки на системот на нормалност и функционира со телефонски закажувања,- изјави – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Рокот за замена на документите со старото уставно име истекува за пет дена, но и по 12 февруари личните карти ќе имаат важност во земјава, но не и пасошите.