Емир Селимовиќ, осомничен за двојното убиство на неговата сопруга Инела и нивниот 13-годишен син, уапсен е на 17 февруари во шума кај Прњавор, во северниот дел на Босна. Апсењето го потврди Мирна Миљановиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Република Српска.
Убиството се случило во ноќта меѓу 12 и 13 февруари во семејниот стан на Селимовиќ во Калесија, близу Тузла. По дојава, полицијата со одобрение од кантоналниот обвинител и судија, насилно влегла во станот, каде ги затекнала безживотните тела.
Привођење Емира Селимовића у полицијску станицу Прњавор. pic.twitter.com/qqdlT5YMDd
— TVK3 (@tv_k3) February 17, 2025
Селимовиќ бил во бегство неколку дена и бил забележан во регионот на Бања Лука. Неговото возило било пронајдено кај езерото Дренова, што покрена сомнеж дека можеби извршил самоубиство. Поради тоа, ронилачки тимови со денови го пребарувале езерото.
Директорот на Центарот за социјална работа во Калесија, Мухамед Мајданчиќ, изјави дека во ова семејство досега немало пријави за семејно насилство.
Минатата година во овој дел на БиХ биле убиени пет жени, а во август 2023 година во истиот кантон беше убиена и Низама Хеќимовиќ.
Во БиХ постојат осум сигурни куќи со вкупно 200 места за жени и деца жртви на насилство.