Во јавноста излегоа обвинувања од сестрата на младото момче од Ресен, кое почина поради компликации од ковид-19 во Битолската болница.

Таа објави снимки, кои, како што вели, ја покажуваат реалната слика за битолската болница.

Инаку, Министеството за здравство соопшти дека 24 годишното момче од Ресен, кое почина на 27 август, потпишало дека на своја одговорност ја напушта болницата.

„Еве видео за Сител телевизија ДОКАЗ. Што не ја снимија собата каде што беше брат ми. Изјавија дека брат ми си замина од болница самоволно. Но, брат ми не беше во болница туку подобро е во затвор Идризово од оваа болница. Кој ќе седи во ваква состојба тука плус со бронхопневмонија. Еве каква интензивна соба имаше брат ми, и затоа тој ја напушти самоволно, и потпиша, бидејќи знаеше дека ќе го земаат на душа“, пишува, меѓу другото сестрата на починатото момче од Ресен.

🎥

🎥