Семејството на 33-годишната Ирена Костовска која почина на Клиниката за абдоменална хирургија, пред неколку дена го објави отпусното писмо и побара одговорност од лекарите за смртта на жената. Нејзината сестра, сега ги објавува и последните пораки кои ги добила од Ирена додека таа била во болница.
Семејството обвинува дека станува збор за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.
„Во отпусното писмо пишува дека е примена на 29.04.2021 година, а починала на 09.05.2021. На сликата е прилог дијагноза на која е напишана само нејзината последна операција, вкупно ги имала 4 од кои 2 во ист ден“, стои во објавата на Фејсбук.
Во продолжение погледнете ги последните пораки кои Ирена ги пратила до нејзината сестра:
Министерот Филипче формира комисија да го испита случајот, а ДСЗИ бара евентуални пропусти. Од Инспекторатот веќе известија дека ја бараат сета документација поврзана со случајот од Клиниката за Гинекологија, каде што била примена и оперирана, од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била препратена и повторно оперирана, од КАРИЛ, каде што била пренесена пред да почине како и од матичниот гинеколог и матичниот лекар.
Семејството тврди дека хирург на дигестивната клиника констатирал физички повреди на цревата и папочната врвца, но тврдењата ги отфрли директорката на гинекологија Викторија Јовановска која ја оперирала Костовска и од неа отстранила миом. На укажување на лекарите и директорката на ГАК, Јовановска но и во насока на утврдување на причините за смртта, семејството на Костовска се согласиле и денеска нејзиното тело е донесенои на инстутит за судска медицина, а ќе се прават и дополнителни испитувања на инстутит за патофизиологија.