Поминаа 45 години од смртта на познатата пејачка Силвана Арменулиќ, нотаа денес е веројатно најпопуларна, дури и по нејзината смрт, бидејќи со месеци не престанува да се зборува за филмот „Тома“ во кој нејзиниот лик и дело се исто така многу застапени.
Освен богатата музичка кариера, Силвана зад себе остави многу луѓе кои никогаш не го преболеле нејзиното прерано заминување, а што е уште потрагично, некои ги понела и со себе. Пример за тоа се нејзините две сестри Мирјана и Дина. За жал, Мирјана загинала во сообраќајна несреќа истиот ден со Силвана, а тогаш била во шестиот месеце од бременоста, а Дина е и денес е жива и се сеќава колку таа огромна трагедија оставила влијание врз целото семејство. Таа ѝостанала единствена утеха на нивната мајка Хајрија.
– Откако ми загинаа сестрите, јас сум ѝ нашата мајка и Силвана и Мира заедно, јас сум продолжение на прекинатата песна во куќата. Моите браќа и сестри не можат да ги слушаат плочите на загинатите сестри и секогаш го исклучуваат радиото. Мајка ми напротив. Таа секојдневно преку грамофонот се дружи со гласовите на своите изгубени деца и едвај го чека денот кога и јас ќе се појавам на телевизија – раскажала своевремено Дина Бајрактаревиќ Николиќ, која со години живее во Данска.
Минатата година емотивно зборувала во споменот на своите две сестри. Таа навела дека на Силвана денес најмногу би ѝ било жал што починала како официјална сопруга на човекот од кој многу сакала да се разведе.
– Бевме многу поврзани, Мирјана, Силвана и јас. Особено во последните неколку дена бевме неразделни. Силвана поднесе документи за развод. Имаше многу лош брак со Радмило. Таа почна да се забавува со спортскиот коментатор Марко Марковиќ. Тие беа вљубени еден во друг. Требаше да се одржи уште едно, трето рочиште за да се разведе од Радмило, но лошата судбина тоа го спречи. Таа беше сосема поинаква личност кога беше со нас сестрите, семејството, отколку каква што се појавуваше пред публиката – изјавила Дина.