Рускиот боксер со ерменско потекло Арес Саакјан почина 11 дена по нокаутот на турнирот „Нокаут кингс“ на 26 декември. Смртта на спортистот ја објави неговата сестра Светлана Петросјан на Инстаграм.

Саакјан беше во кома од 26 декември, кога беше нокаутиран во борба. На спортистот му беше дијагностициран мозочен оток. Лекарите се бореа за животот на боксерот, но тој почина без да се освести.

Саакјан ќе биде погребан во Ереван, Ерменија. Сите ќе можат да се простат од него на 11 јануари во рускиот град Тољати.

Видео од нокаутот што доведе до смрт на Саакјан: