Пријателите на убиената Низама Хеќимовиќ, која беше погребана денеска во Мионица кај Градачац, наведуваат дека таа живеела во страв од невенчаниот сопруг Нермин Сулејмановиќ.

Неколку дена пред убиството, Низама го пријавил за насилство, но судот не му одредил забрана за приближување. Иако побегнала од дома со детето, Нермин ја дознал локацијата на која се крие и во петокот упаднал во куќата на нејзините роднини, ранувајќи еден од нив, а потоа ги однел неа и детето во викендица во близина на градот каде што на Низама ѝ пресуди пренесувајќи го тоа во живо на Инстаграм.

Пријателите, занемени од болка, им кажаа на новинарите по погребот дека не се точни приказните на некои локални жители дека Нермин, кој претходно правел проблеми, бил мирен во последните години. Тие додале дека Низама се плашела од него, поради што неодамна и кажала на својата сестра нешто што ги загрижило сите.

Една од пријателкитре рече дека Низама ѝ рекла на сестра ѝ да ја земе ќерката Лена кога ќе дојде време.

– Таа ѝ рекла на сестра си: „Ќе ме убие! Го знам тоа“ – тврди пријателка на убиената.