Северина многу внимава на својот изглед, а откри што и помага да ослабне. Иако има 51 година, на нејзината линија можат да и позавидат и многу помлади жени. Северина важи за една од најубавите пејачки на овие простори.
Сепак, иако е лесно да се помисли дека едноставно е родена под среќна ѕвезда и дека својот изглед и го должи на генетиката, Северина еднаш објасни дека на нејзината линија и тоа како работи, како и дека, исто како и сите други жени, има денови кога се „опушта“ и додава неколку килограмич
“Навистина сакам да јадам, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја коригирав исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и пешачење најмалку половина час дневно“, додаде таа.
Најголемите промени во телото Северина ги забележала кога наместо калоричен појадок почнала да консумира смути. Комбинацијата од морков, цвекло, малина, јагода, боровинка, капина и бадемово млеко испадна особено добра комбинација, а понекогаш става и малку банана.
Секако, само добрата исхрана не е доволна за совршен изглед. Таа редовно оди на јога во последните пет години, како и вежби во кои наизменично има сквотови, склекови и скокови.