Шестгодишно дете се удави вчера попладне на плажата Мегало Кавуриу во Атика. Телото на момчето било извлечено од морето без свест и веднаш било префрлено во болница, каде лекарите констатирале смрт, пренесува Блиц.

Момчето било на плажа со родителите кои се приведени по трагедијата. Тие се товарат за кривично дело загрозување на дете.

Засега не е познато како дошло до трагедијата. Наредена е обдукција.