Цената на дизел горивото денеска на бензинските пумпи во Виена, главниот град на Австрија се зголеми од помалку од 2 евра на речиси 2,40 евра.

Овој пораст на цените се случил за само неколку часа. Во 11 часот цената била 1,99, додека во 19,30 часот 2,37 евра. Цената на нафтата скока од ден на ден, а според последните информации барел чини 133 долари.

Дали токму поради ова нашата РКЕ го измени правилникот за одредување на цените на горивата?

Појаснување од Регулаторната комисија за енергетика.

Денеска ги донеле измените во правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт со кои се овозможува РКЕ да носи одлуки доколку берзанските цени имаат значителни промени.

Измените се донесени со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. Измените во правилникот ќе стапат во сила следниот ден штом бидат објавени во службен весник.

Во моментов, во сила е се уште правилникот по кој се одредуваат цени за седумдневен период, што значи дека денес РКЕ нема да донесе нова одлука за цените на нафтените деривати.

За 2 дена се продадени 200 тони нафта во Македонија

Заменик премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Битиќи ги смирува граѓаните во однос со нафтата, и вели дека не увезуваме од Русија.

„Нема простор за паника за недостиг нафта, изворот не ни е од Русија“, рече Битиќи.

Тој напомена дека во текот на последните два дена пред покачувањето, се продадени 200 тони нафта, а вообичаено се продаваат 40 тони.