Во улицата Сараевска, во центарот на Белград, се урна тераса и падна среде тротоар! Како што можете да видите на фотографиите, целата тераса од зградата се срушила на тротоарот.
Зградата е под заштита, изградена во 1913 година – Како што дознаваат српските медиуми од местото на настанот, граѓаните по инцидентот се обиделе да го отстранат делот од терасата кој останал да виси.
Според очевидци, до инцидентот дошло поради дотраеност, со оглед на тоа што објектот е изграден во 1913 година и е под заштита.
Како што се дознава, за среќа нема повредени.