Нема сомнеж дека ова е еднa од побизарните сцеби во последно време. Мирно возите низ градот, кога одеднаш пред вас има автомобил со толку многу мебел на покривот што човек би помислил дека превезува половина од домаќинството. Барем половина.
Ова го доживеал и го снимил читател во четвртокот вечерта во близина на плоштадот Француска Република во Загреб.
– Беше премногу смешно да се види, не сум сигурен со што го обезбеди мебелот, но за малку ќе испаднеше се. Изгледаше како тетрис – се смее читателот.
Освен што е казниво, можеме само да замислиме што ќе се случеше ако требаше нагло да закочи во центарот на градот.