Американката Ниав неодамна сподели видео на својот профил на „ТикТок“ во кое објаснува колку поскапеле цените на Хвар откако последен пат се одморила на овој хрватски остров.
Имено, таа тврди дека последен пат на Хвар била пред четири години. Така, таа беше шокирана од тоа колку цените всушност се зголемија во последно време.
Инаку, оваа Американка пред една година одлучила да се пресели од Калифорнија во Макарска и многу често на социјалните мрежи споделува интересни факти од животот во Далмација.
“Јас сум на Хвар. Не сум била тука етири години. Хрватска сега ја смени валутата во евро. Погодете колку чини сега лежалка во познатиот бар на плажа Хула Хула. Чини 40 евра по лице за една лежалка. Молам?“, рекла Американката.
Потсетуваме дека ова е само една од многуте реакции на цените во градовите на брегот на Јадранското Море. Неодамна до медиумите стигнаа неколку сметки од Трогир, каде еден од туристите за кафе со млеко платил 4,5 евра, додека друг за ќебапи и помфрит 10,5 евра.