Илкан Караман, кошаркарот на турската второлигашка Чајирова Беледијеси, загина во сообраќајна несреќа.
Караман на врвот на кариерата настапуваше за Фенербахче и турската репрезентација, а неговите поранешни клубови ја потврдија трагичната смрт.
Како што објаснуваат турските медиуми, Караман стоел на тротоарот чекајќи го пријателот кој отишол на бензинската пумпа и бил удрен од пијан возач. Кошаркарот починал на лице место.
Во Турција настапуваше за Тофаш, Пинар, Фенербахче, Бешикташ и уште неколку клубови, а најдобри резултати имаше со Фенер со кој ја освои титулата во Купот и беше шампион на Турција.