Министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја соопшти дека е пронајдено безживотното тело на 8-годишната Нарин Гуран, која исчезна во Дијарбакир пред 19 дена.
Безживотното тело на Нарин е пронајдено во потокот Хангитутмаз, на еден километар од селото. Соопштено е дека во рамките на истрагата за убиството на Нарин Гуран се приведени 23 осомничени. Се дозна дека меѓу приведените се мајката и таткото на Нарин Гуран, двајца постари браќа, тројца чичковци и сопругата на нејзиниот чичко С.Г., кој е уапсен.
Директорот на вестите на CNN TÜRK во Истанбул, Нихат Улудаг, пренесе нови информации за Нарин Гуран.
„Некои членови на семејството ги избришале своите записи од WhatsApp, рече Улудаг кој објави и дека прелиминарниот извештај од обдукцијата на Нарин открил лезија (повреда) на вратот и скршеница на ногата.
Во врска со Нарин Гуран, чие безживотно тело беше пронајдено денеска, претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави: „Сакам да се знае дека лично ќе го следам судскиот процес за да се осигурам дека оние кои ни го одзедоа нашето дете ќе ја добијат најтешката казна што ја заслужуваат, рече тој.