Шокантен развој на настаните околу смртта на летонскиот кошаркар Јанис Тима. За смртта на нејзиниот поранешен сопруг, осомничена е пејачката Ана Седокова. Првично се веруваше дека станува збор за самоубиство, но новите информации и сомневања доведоа до отворање на истрага за можнo нарачанo убиство.

Телото на 32-годишниот кошаркар беше пронајдено на 17 декември во станбена зграда во Москва. Првичните извештаи наведуваа дека извршил самоубиство, но поради нејаснотиите и изјавите од пријатели на Тимa, се појавија нови сомнежи за убиство.

Според блогерот и пријател на Тимa, Марк Пугачов, започната е кривична постапка во Летонија, а тој лично сведочи против Седокова.

Наводно, пејачката нарачала убиство поради имотот на Тимa, вклучувајќи четири станови со голема вредност.

Според други извори, Седокова ја контактирала мајката на Тимa за да го добие ПИН-кодот од неговиот телефон, наводно за да пристапи и да избрише податоци кои можеби се поврзани со случајот.

Случајот е дополнително компликуван и со фактот дека Тимa наводно страдал од депресија и оставил порака за Седокова на денот на неговата смрт, кога истовремено бил и нејзиниот роденден.

Истрагата е во тек, а медиумите во Русија и и во Летонија активно го следат развојот на настаните. Пугачов изјавил дека е решен да ја открие вистината, и покрај тоа што стравува за сопствениот живот.