Српската писателка Зорана Шулц пред неколку години јавно ја раскажа својата животна приказна полна со подеми и падови. Потоа открила кој ја силувал кога била тинејџерка и за нејзиниот интимен живот. Зборувајќи за растењето, таа се присети и на болната траума од нејзините тинејџерски години.
– После една забава, мој многу добар другар ме силуваше. Дотогаш имав само една врска, бев невина бидејќи тоа момче многу ме ценеше и ме штитеше. После таа забава, мои пријатели решија да ме испратат до дома. И тогаш се случи тоа. Јас мислев дека се шегуваат, не можев да разберам за што се работи. Се чувствував бедно, морничаво. Сакав да извршам самоубиство. Набрзо заминав за Германија, а нив никогаш не ги видов потоа, додаде Зорана дека тоа е причината поради која ја напуштила Втората белградска гимназија.
– Отидов во Германија и таму го продолжив образованието. Убедена сум дека мајка ми знаеше што ми се случи но се правеше дека не знаеш. Мислам дека и мајка ми беше задоволна што заминав, таа можеше да го води својот живот. Го потиснував во себе тој настан, се обидов да го заборавам. Постоеше тој страв. Јас имам две ќерки. Кога тие растеа имав страв не дај Боже и нив да им се случи нешто слично, вели писателката.