На српскиот актер Сергеј Трифуновиќ му e забранет влез во Хрватска и во сите земји во Европската унија, плус три земји од ЕФТА – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Ова е објавено на официјалната веб-страница на Полициската управа на Сплит-Далмација, а соопштението во целост го пренесуваме во продолжение.
„Поттикнати од јавна објава на социјална мрежа која е преполна со неточни информации, но и со навредливи и погрдни зборови за полициските службеници, должни сме да ја информираме јавноста за точните информации и факти поврзани со нашите постапки.
Во изминатите два дена мажот со своето однесување направил пет прекршоци на подрачјето на Сплит. По повикот на граѓаните и побараната интервенција на плажата Кашјуни поради сторен прекршок од член 30 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, лицeto ги навредувалo полициските службеници на начин кој не е погоден за јавна објава.
Многу брзо по завршувањето на оваа постапка, во саботата на подрачјето на Сплит, мажот повторно ги сторил прекршоците од чл. 30. Во сабота на 09.09.2023 година го нарушил јавниот ред и мир на социјална мрежа објавувајќи и истакнувајќи текст со недолична содржина. Заедно со потсмев, тој ја омаловажи и работата на обезбедувањето, кои ангажирани од Градот Сплит, секојдневно, во ноќните часови, ја извршуваат својата должност за да им овозможат на граѓаните на Сплит, особено на стариот центар на градот за непречено функционирање и ноќен мир. Тој ја покажа својата упорност додека продолжи да го навредува и омаловажува службеното лице во објавата под текстот и покрај тоа што за истиот прекршок беше казнет претходниот ден, на 8 септември 2023 година.
Поради опишаните прекршоци, му се изречени парични казни согласно законот. Однесувањето на полициските службеници цело време било професионално и законско, а изречените казни не се арач, туку се казни утврдени со законите на Република Хрватска.
Да потсетиме, актерот Сергеј Трифуновиќ пред Општинскиот суд за прекршоци во Сплит е казнет со 500 евра поради чување куче без надзор и наводно навредување на полицајците.