Младата атлетичарка Миа Софија Литке ненадејно почина на 16-годишна возраст, потврди германската гимнастичка федерација.
Литке почина во четвртокот, но тажната вест здружението ја соопшти во понеделник попладне, додека причината за смртта не е позната. Според Билд, обвинителството покренало истрага, а истиот весник, според неговите информации, наведува дека се работи за срцев удар.
Телото е испратено на обдукција, додека реакцијата на обвинителството е стандардна процедура во вакви ситуации.
Со неа како тренер работеше Магдалена Бржеска, која тврди дека Миа била многу талентирана и подготвена за напорна работа.
„Таа секогаш даваше 100% на тренинзите, имаше љубов и страст за спортот. Нејзината цел беше да оди на Олимписките игри и направи се за тоа да се случи. Сигурна сум дека можеше. Не можам ни да замислам низ што поминува семејството сега“, изјави Бржеска за „Билд“.
Здружението изрази сочувство до семејството во тешките моменти и им посака да да бидат силнни и покрај трагичниот настан.
Литке тренира во тренинг центарот на германската репрезентација во Фелфбах-Шмиден од јануари 2023 година. Таа претходно помина шест години во федералната база на РСГ во Берлин, каде што живее нејзиното семејство. Нејзиниот клуб беше Берлинер ТСЦ со кој се натпреваруваше во Бундеслигата.