Шокантно видео се појави од узбекистанскиот град Бухара на кое се гледа како во малечко возило Шевролет Спарк се буквално „спакувани“ 25 деца од градинка, а зад воланот била токму директорката на градинката која на ваков начин сакала да ги прошета децата.
-Дали сакаше сите да ги прошета? Зарем не ѝ падна на памет дека ги доведува во голема опасност? Кој знае! Како директорка на градинка која имала целосна одговорност за нивната безбедност и, последователно, како личност која секојдневно се занимава со мали деца, таа требало да знае. Во нејзиниот случај, сепак, едно е сигурно: дека таканаречениот женски инстинкт не функционирал, коментираат луѓе на социјалните мрежи фрапирани од овој необичен и страотен подвиг на раководителката на детска градинка.
Кога еден полицаец го видел автомобилот полн со деца на улица во Бухара, веднаш го запрел – како што треба – на проверка. Како што пренесува германскиот весник „Билд“, полицаецот не можел да верува во тоа што го гледа.
Отворајќи ги вратите од автомобилот, видел шест деца на совозачкото седиште, 16 на задните седишта, едно врз друго, а останатите три биле во багажникот.
Сè уште не е јасно со какви последици ќе се соочи директорката на градинката, но кога полицаецот ја прашал зошто превезува толку многу деца во мала кола, нејзиниот одговор бил зачудувачки: „Јас така работам. Ова е мојот начин!”.
A woman transported 25 children at once in a Chevrolet Spark compact car in Uzbekistan📷
According to preliminary information, a kindergarten teacher was behind the wheel… pic.twitter.com/xpQdzpb2OW
— ZZZTOP (@ZZZTOP53392926) September 17, 2023
Германското издание нема информации за реакцијата на родителите кога дознале што им направила оваа директорка на градинка на нивните деца.