Шокантни сцени ни доаѓаат од Италија, потточно од Удине каде на стадионот „Фриули“ натпреварот од 32. коло во Серија А помеѓу Удинезе и Рома не го дочека крајот откако фудбалерот на гостинскиот тим, Еван Ндичка колабираше на теренот.

Немилиот инцидент се случи во 81. минута од средбата кога без топка репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска падна на теренот по што мораше да биде изнесен надвор од стадионот на носилки. Неговата состојба останува непозната, а натпреварот нема да го дочека својот крај.

При прекинот на натпреварот на семафорот стоеше резултат 1-1. Стрелци на головите беа Переира за Удинезе и Лукаку за Рома.