Еквадорскиот атлетичар Алекс Кињонес е убиен во градот Гвајакил. Кињонес шетал со еден пријател, кога напаѓачот со огнено ор ужје го нападнал и го убил. Атлетичарот кој се натпреваруваше на спринтерските трки од 100 и 200 метри немал шанси да се спаси.

Кињонес имаше само 32 години, а најголемиот успех го имаше на Светското првенство во 2019 година, кога стигна до сребрениот медал на патеката од 200 метри.

Тој учествуваше и на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и се пласираше во финалето на 200 метри. На крајот заврши на седмото место.

Тој е сопственик на државните рекорди на Еквадор на патеките од 100, 200 и 400 метри и е еден од најуспешните атлетичари во историјата на својата земја.