Алжирскиот фудбалер од средниот ред Набил Бенталеб, е хоспитализиран во болница откако имал срцев удар, пренесуваат медиумите во Франција. Бенталеб од лани е дел од Лил, за кого одигра 26 меча до сега.

29-годишниот Бенталеб е актуелен алжирски репрезентативец за кого има одиграно 52 натпревари. Засега не е позната состојбата на Бенталеб, меѓутоа за него многу веројатно ова ќе значи и крај на кариерата.

Тој во минатото го носеше дресот на Анже, Њукасл, Шалке и Тотенхем. Беше дел од младинските селекции на Франција, а во 2014 година се реши да игра за Алжир.