Најлошите прогнози се потврдени и Нејмар се здоби со скинати лигаменти и менискус на левото колено. Ова го потврдија дополнителните медицински прегледи направени, откако фудбалерот на носилки го напушти натпреварот на Бразил против Уругвај.
Бразилската „десетка“ едвај се опорави од сериозната повреда на зглобот што го оддалечи од терените од март до септември минатата година. Тој и дефинитивно ќе го пропушти остатокот од сезоната. Самата бразилска фудбалска федерација преку соопштение го потврди степенот на повредата:
„Напаѓачот ќе биде подложен на хируршка процедура, на датум кој допрва треба да се одреди, за да се санираат повредите. Медицинскиот оддел на бразилската репрезентација под надзор на д-р Родриго Ласмар и Ал Хилал се во постојан контакт и се усогласени во закрепнувањето на спортистот“, изјавија од највисокото фудбалско тело во Бразил.
Копа Америка која почнува на 14. јуни ќе биде датумот на кој Нејмар во најдобар можен начин би се вратил на терените. И покрај тоа, шансите да се опорави на време за да биде дел од Копа Америка се многу мали, бидејќи просечното време за опоравување се движи од шест до осум месеци.
Со ваква прогноза, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци, па сезоната за него е завршена.
Ал Хилал му плати 90 милиони евра на ПСЖ за трансфер на Нејмар, а на Бразилецот му даде плата од над 100 милиони евра годишно, но клубот од Саудиска Арабија нема да види многу аир од сето ова барем до следната сезона.