Пред петгодишната ќерка смртно ја избодел партнерката со која живеел во вонбрачна заедница и се дал во бегство. Јавното обвинителство сподели детали за вчерашното грозоморно убиство за кое е осомничен скопјанец кој вчера беше уапсен на граница при обид за бегство.
Првоосомничениот вчера при вршење семејно насилство во домот во шуто оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.
Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место. Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце.
Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија, соопшти обвинителството. Во текот на денов, по наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија со кои беше пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од основниот Кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.