Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека во подрачјето околу Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора има значително нестабилна облачна маса.

Од ЦУК соопштуваат дека во ова подрачје има интензивен пороен дожд, чести грмежи, силен ветер и појава на град.

Посочуваат дека правец на движење на оваа нестабилна маса е од запад кон исток, односно во правец кон Куманово.

Метео прогнозерот Славчо Попоски ја својор профил објави фотографии по големото невреме со силен град во општина Липково.

Шокантни снимки се објавени и на Фејсбук страната земјоделие.мк.