Поранешниот фудбалер на Сампдорија Џуниор Таварес, боледува од тумор на мозокот. Ова го соопшти неговиот сегашен клуб Понте Прета. Бразилецот кој игра на позицијата лев бек и во средниот ред, за бразилскиот второлигаш настапува од јануари 2023 година.

„Од првичната дијагноза, Понте Прета внимателно ја следи ситуацијата со фудбалерот и му ја пружа целосната поддршка“, стои во соопштението.

Локалните медиуми во Бразил јавуваат дека фудбалерот од средата се наоѓа во болница. Таварес не бил на тренинзи од 27. јуни откако се пожалил на силни главоболки, а потоа стигнала и шокантната дијагноза.

Таварес во минатото настапуваше за Гремио, Сао Пауло, Сампдроија, Портимонензе, Спорт Ресифе, Наутико и сега Поне Прета.