Вук Бариловиќ, навидум мирен и семеен човек, изврши масакр во Цетиње каков што Црна Гора не памети во поновата историја.

Во неговиот крвав пир животот го загубија 11 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се најмалку пет жители на Цетиње кои му паднаа на нишан.

Еден од очевидците на оваа трагедија кој и самиот се најде на нишанот на Вук Бориловиќ е негов роднина, кој пред камерите ја откри можната причина за ова тешко злосторство.

– Пукаше саат време и испука повеќе од 100 куршуми, рекол човек кој се претставил како вујко на Вук Бориловиќ, нагласувајќи дека делото го извршил со пушка.

На прашањето зошто го направил тоа и дали има причина, тој ја кажа својата верзија за ова грозоморно злосторство.

– Зошто го направи тоа, купи камера, мислеше дека некој му прави магија, дека некој му краде од дома… не мислеше дека е вистина… ги уби сите оние кои му беа криви – без двоумење изјави пред камерите роднината на Бариловиќ, кој додаде дека и тој самиот се нашол на неговиот нишан.

– Му пукна филмот, имаше краток фитил, а беше чесен човек од добро семејство, сепак најдобро би било сам да реши, да се самоубие, изјави овој сведок на невидениот масакр во Цетиње, кој, според неговите верзија, го спореди со масакрот во Јабуковац, каде Никола Радосављевиќ уби девет селани под изговор дека злосторството го извршил под влијание на црна магија.

Она што го натерало Вук Бариловиќ, „примерниот домаќин“ од Цетиње да изврши вакво грозоморно злосторство, засекогаш ќе остане тајна што извршителот на масакрот ја однел во својот гроб.