Убиството на познатиот кик-боксер и српски репрезентативец Владан Цветковиќ пред стадионот на Црвена звезда доби епилог по цели 25 години. Вчера сведочеше Ненад Микетиќ, братот близнак на обвинетиот Предраг Микетиќ.

Тој на почетокот на рочиштето рече дека дошол во судот за да ја открие вистината.

Жалење за злосторството

– Точно е дека го убив Владан и за тоа треба да одговарам. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му изразам длабоко жалење на семејството поради тоа, рече Ненад со плачлив глас.

Во тој момент мајката на Владан се наведнала и во неверување си го покрила лицето со дланките.

Ненад потоа детално го опиша трагичниот ден.

– Ги чекав брат ми и Горан пред Маракана по нивниот тренинг. Дојде и Владан. Веднаш почнавме да се расправаме и да се караме. Потоа дојде Предраг и праша за што се работи. Му реков дека тоа е моја работа и дека треба да влезе во колата. Тогаш јас и Владан почнавме да си ги пцуеме родителите родителите еден со друг, па тој почна да ја става десната рака во џеб, како да ќе извади пиштол, но јас прв го извадив мојот и го застрелав во стомакот. Не се сеќавам колку куршуми испукав, од три до пет, изјави Микетиќ.

Потоа рекол дека го видел Владан како паѓа наназад, па почнал да трча кон „ладата“ на неговиот брат.

– Кога се приближив до автомобилот, брат ми и Горан, кој беше со него, заминаа под полн гас, па истрчав по такси. Се возев до Мостар, а потоа пеш до Газела, каде го фрлив пиштол на сред мост и фатив друго такси до домот, опиша сведокот.

После тоа, Ненад го повтори тврдењето на неговиот брат, кој на рочиштето во декември рече дека го убедувал брат му да ја преземе вината за делото бидејќи може да замине во странство.

Причината за конфликтот

Како причина за конфликтот со Владан, Ненад ја наведе пресметката во клубот на Сењак, каде, според него, Владан работел како обезбедување.

– Двапати пукаа во мене и ме претепаа со пиштол. Седуммина беа. Потоа купив пиштол и го носев секој ден. Па после еден месец беше конфликтот со Владан пред Маракана, мислев дека сака да ме убие, се правдаше Микетиќ.