Невреме пропратено со врнежи денеска го зафати регионот, а силен ветер и дожд со голема сила паднаа и врз Скопје.

Освен лошото време на кое сме навикнати до денес не сме имале можност да ги видиме зелените бои на небото, појава за која вечерва пишуваат едиумите од соседството.

– Кога беснееше невремето во Земун и во Нов Белград, небото доби зелени нијанси. Ако ги игнорираме временските неприлики, може да се каже дека овој вид на феномен е неверојатен, пишува Ало.рс.

Како што пренесува hailz_srbija, оваа зелена боја на небото е предизвикана од интеракцијата на светлината со врнежите.

View this post on Instagram

A post shared by 𝗛 𝗔 𝗜 𝗟 𝗭 | SRB |® (@hailz_srbija)