Над 14.000 македонски граѓани постојат сомнежи дека вложиле пари во голема пирамидална шема, наречена платформа Конти. Оваа платформа нудеше лесни пари преку гледање на трејлери за филмови, а во Македонија стана популарна пред една година. Групата на Телеграм брои над 14.000 Македонци, но бројката на луѓе од нашата земја кои вложиле можеби е и многу поголема.
Некои медиуми пишуваат дека штетата е можеби десет милиони евра. На социјалните мрежи учесници во платформата тврдат дека веќе не можат да се логираат на страницата и не добиваат приливи на платформата за тргување со криптовалути.
„Голема е веројатноста трансакциите да не се реализираат и тука нема што да се крие. Ве молам без обвинувања, никој не беше со сила натеран да вложува. Многу добија, а многу изгубија. Сите ќе бидеме среќни ова да не е вистина, но мора да се соочиме со реалноста“, напишал еден од администарторите во групата на Телеграм, иако претходно корисниците биле тешени дека парите ќе стигнат.
„Парите доаѓаат и си одат“, напишал администраторот, нагласувајќи дека и самиот не учествувал во купување на поголеми пакети како што тоа го направиле некои членови на групата. Според админот, секој што вложувал бил свесен дека постои ризик еден ден ваквите трансакции да не се реализираат, и дека системот во државата е главната причина поради која луѓето се принудени да бараат алтернативни начини за заработка.
Што е всушност пирамидална измама и како функционира?
Пирамидалната шема (или пирамидална измама) е незаконска финансиска структура во која учесниците се охрабруваат да внесуваат нови членови, при што приходите главно доаѓаат од плаќањата на новите учесници, а не од продажба на производи или услуги. Пирамидалната шема се базира на тоа дека секој нов член плаќа одредена сума за да се приклучи, при што тие што се на врвот на пирамидата профитираат од придонесите на новите учесници. Шемата станува неодржлива кога нема доволно нови членови, и на крајот мнозинството учесници губат пари.
Не е прв пат во Македонија да успее ваква шема, сличен случај се имало и во 2022.
Сепак до сега никој до МВР не поднел пријава. Министерот Панче Тошковски на денешната прес конференција апелираше граѓаните да внимаваат.
Тој ги повика оштетените да се обратат до МВР со цел да се истражи случајот.