Популарната водителка Јована Јеремиќ гостувала во „Сценирање“ на ТВ Курир каде отворено опишала какви искуства најмногу сака во кревет.

Имено, популарната водителка прво изјавила кои мажи всушност имаат најголеми шанси со неа.

– Јас сум чесен човек и точно знам што барам. Кој ќе дојде во вашата емисија и ќе го каже ова? Никој. Ако не си успешен, немој ни да ми се приближуваш. Што има просечен маж да ми праќа пораки? Што да правиме ние двајца, можеме да соработуваме, но зборуваме за емотивни врски. Ќе ме изведе на вечера што не може да си ја дозволи.Тогаш ја губам сексуалноста. Не можам да спијам со човек на кој сум му го платила ручекот. Така ја губам сексуалноста – изјави Јеремиќ.

Потоа се навратила на својот сексуален живот каде открила сè во детали.

– Јас сум страстна, многу емотивна и длабока. Многу длабока во секоја смисла. Интензивна и чудна. Сакам сè да пробам и да почувствувам сè. Не мислам само на внатрешните чувства. Сакам допир, бакнеж во вратот, тие работи навистина ме поттикнуваат. Јас сум цела сензуална. Точно знам кој предел ми се допаѓа околу вратот, и тоа ми е многу секси. Мислам дека многу од мажите го заборавија тоа. Заборавиле да бидат сензуални, а тоа е многу лошо за жените кои се страсни и сексуални. Не сакам ништо што е брзо и ништо што е агресивно. Се однесувам како да сум домино дама, но всушност сум покорена во таа сексуална смисла. Ми се допаѓа да ме бакнува и ние да бидеме едно – изјавила Јеремиќ.

Но, тука не застанала, па на мажите кои се заинтересирани за неа им објаснила што сака и како да и пријдат.

– Еве како треба да ми пристапи. Прво мора да имате чесна намера или во спротивно го губите времето. Не сакам да имам комбинации, немам време за тоа. Не ми треба секс, јас водам љубов. Потоа велат дека сум фатална. Спијам само со мажи кои ги сакам. Ако не те сакам, нема да имам секс. Го презирам сексот, тој е за површни луѓе. Јас сум премногу длабока жена. Не сакам да се давам за утре некој да оди низ град и да зборува како е со мене. Јас сум прескапа жена. Што ќе му дадам на маж, нема да му го даде ниту една жена. Никој не може да ме заборави – изјави Јеремиќ.