Политичарот и пратеник Милутин Мркоњиќ Мрка почина денеска на 79-годишна возраст, а покрај политичката кариера, јавноста цела деценија ја интересира и неговата љубовна приказна со пејачката Ана Бекута.

Милутин Мркоњиќ бил приклучен на респиратор, откако неговата здравствена состојба денеска ненадејно се влошила.

Мркоњиќ и неговата поранешна сопруга Драгана пред многу години купиле семејна гробница на Новите гробишта во Белград, каде ќе бидат погребани еден до друг, пренесува Ало.

Тој, верен на комунистичката идеја, изразил желба кога ќе дојде време, да биде погребан во ковчег со пет краци.

Кога еднаш се појавија Ана и Мрка во медиумите, Драгана изјави:

– Слушајте, маж ми е швалер и не се лутам – рекла законската сопруга.

Она што е многу интересно е дека Ана Бекута и Драгана се во добри односи и што Драгана ги сака песните на Ана. Мрка постојано истакнуваше дека е во добри односи со сопругата и дека понекогаш ја гледал и размислувал за неа.

– Јас го почитувам неговото минато, како што тој го почитува моето. Од самиот почеток ги ставивме работите на вистинското место. Не ми паѓа на памет да го спречам да ја види. Сама е и нема никој – изјави претходно Бекута, која не се сомневаше во љубовта на своето момче.

Бекута и Мркоњиќ неодамна прославија десетгодишнина од нивната љубов, а таа еднаш раскажа како го запознала својот избраник.

„Веднаш станав свесна дека тој е човекот на мојот живот. Не на првата, туку на нашата втора средба. Беше тоа приватна седенка, беше присутен и покојниот Бата Живојиновиќ, во тоа време се договориле да ја објават неговата книга. Мојот пријател им свиреше и ме покани.

„Кога таму седи господинот Мркоњиќ, кој веднаш скокна од столот, не послужи, а таа вечер на седенката се ми стана јасно“, изјави Ана претходно за „Ало“.

„Ми изгледаше прилично несериозно, како ветропир. Не го разбрав неговиот карактер. Изгледаше ветровито, но всушност е многу сериозен“, објасни таа.

Мркоњиќ во моментот кога ја запознал Бекута бил женет, а Ана веќе имаше еден брак зад себе.

„Единствената жена на сцената што не ја познавав беше Ана. Се запознавме на концертот на Шабан Шаулиќ, таа дојде и го зеде микрофонот да пее. Прашав која е оваа жена, ми рекоа дека е Ана Бекута. Не ја препознав, претходно ја гледав на телевизија, но не знаев дека изгледа така. Таа дојде, испеа две песни, јас ги платив тие две песни, не беа малку пари. Ја ставив раката околу нејзината половина, а таа ми рече: „Тргај ја раката, ти си оженет човек“, а јас и реков: „Дај ми ги тогаш парите“, изјави Мркоњиќ во една емисија.

Иако релативно доцна се запознале и се заљубиле, Бекута во една прилика изјавила дека нејзината љубов дошла кога била подготвена за тоа.

„Вистинскиот маж се појавува кога си подготвен за тоа, кога се сакаш себеси. Навистина чекав, првата половина од животот помина во потрага. Кога се запознавме, јас имав 52 години, тој речиси 70. Но, да се сретневме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не е баш дека во дваесетите и триесетите змаеме што е љубов. Тоа го сфаќаме дури подоцна, кога со мудрост и искуство ќе се стават некои вредности на нивно место“.

Иако поминаа десет години заедно, никогаш не планираа венчавка.

„Не планирам да се мажам, не сум луда. Сакам да бидам слободна, а меѓу нас постои доверба од самиот почеток. Бракот и онака не би променил ништо“, изјави неодамна пејачката.

Ана Бекута била со него до крај, која се молела да може да се бори. Состојбата на Мркоњиќ беше критична и тој беше приклучен на апарат, кој му овозможија на срцето и белите дробови да бидат „на одмор“ и кој всушност го одржуваа во живот. Беше во вештачка кома, интубиран.
Лекарите се обидувале да му го спасат животот, но за жал, не успеале.

Пејачката Ана Бекута последните неколку дена поминала низ вистинска семејна агонија.

Ана постојано телефонирала на лекарите од болницата кои ја информирале за здравствената состојба на нејзиниот партнер со кој е во љубовна врска речиси девет години. Пријателите и колегите на Мркоњиќ секојдневно и се јавувале на Ана и ја тешеле во овој тежок период низ кој минуваат, но пејачката цело време плачела и се молела Мрка да ја преброди и оваа тешка ситуација.