Медиумите во Хрватска неофицијално известуваат дека се работи за авион и дека на него се гледа црвена петокрака и натпис на кирилица.
Леталото се урнало во Загреб нешто по 23 часот.
Се уште непознат предмет, најверојатно дел од авионот, паднал вечерва на улицата Јарунска кај студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб со силна детонација.
Медиумите известуваат дека На терен е и воената полиција.
Според првите информации од официјални извори, се чини дека на местото на несреќата е пронајден дел од моторот на авионот, од кој е направен кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.
Недалеку од местото на ударот пронајдени се два падобрани. Едниот се заглавил во блиското дрво, а на него има непознат предмет кој пожарникарите се обидуваат да го отстранат.
Се уште не е познато каков е предметот на тој падобран.
Во падот на леталото оштетени се дел од инфраструктурата на патот и повеќе автомобили. Нема информации за повредени.
Медиумите пишуваат дека 1 час по полноќ пристигнала и воената полиција. Заинтересираните граѓани се избркани од местото заедно со новинарите, на кои им била упатена закана со апсење.