Не е тајна дека односот меѓу снаата и свекрвата е еден од покомплицираните и затоа треба да се биде исклучително внимателен во комуникацијата. Психотерапевтката Деана Браун, која напишала цела книга, открива како да изградите добар однос со свекрвата.
1. Можете да дојдете кога сакате, секогаш сме тука за Вас
Политиката на отворена врата повикува на узбуна. Имено, најдобро е да го одредите времето за посета. Некогаш ќе биде добредојдена, а некогаш ќе Ви пречи.
2. Не Ве прашав за мислење
Кога свекрвата ќе се обиде да Ви даде совет како да го балансирате семејството и работата, сослушајте ја и обидете се да не ја понижите, а посебно избегувајте зајадливи коментари. Ако Ве советува како да го лечите детето, љубезно одговорете и дека сте одлучиле да го слушате педијатарот.
3. Се надевам дека ќе ја наследам Вашата огрлица
Изјави од ваков тип порачуваат дека едвај чекате да ја испратите во вечните ловишта. Немате право на имотот на свекрвата, а за можно наследство можете да разговарате единствено со сопругот.
4. Бевме презафатени
Свекрвите обично повеќе сакаат да ги гледаат синовите и снаите, отколку тие нив. Избегнувајте изговори дека сте презафатени. Подобро речете дека ќе ги посетите штом земете слободен ден.
5. Ве молам разговарајте со Вашата ќерка наместо со мене
Ако оставате на свекрвата да избира страна, а посебно да застане на Ваша страна пред синот или ќерката, во старт сте изгубиле. Сами решавајте ги своите проблеми како знаете и можете, а неа држете ја подалеку од своите несогласувања.
6. Не мора толку често да ги гледате децата
Да се прашуваат жените, би ги тргнале свекрвите што подалеку од децата. Сами ги знаат и причините. Но морате да имате на ум дека додека расте детето треба да гледа раличности, за да знае како да се однесува во различни ситуации. Ако Ви пречи некоја нејзина навика подобро кажете и да престане да го прави тоа пред детето.