Моментално најпопуларната српска водителка Јована Јеремиќ вели дека работи многу и често тоа го истакнува. Веќе сите знаат дека ја креира и води емисијата „Викенд утро“ на ТВ „Хепи“ и е горда на тоа, но сепак тврди дека понекогаш и недостига време се’ да заврши.

Сега најде начин да ги заврши обврските навреме и побрзо да стигне секаде, но тоа ги изненади колегите. Водителката неодамна се појави на ролери на работа и се возеше низ зградата на телевизијата „Хепи“, додека колегите ја застануваа на секој агол.

– Знаеш дека сакам се на ролери, тоа е причината зошто сум успешна – вели Јована на видеото, а во еден момент и се обрати еден од колегите:

– Што правиш црна жено со сини очи? – се пошегува колегата на Јована.

– Ја завршувам работата што ја имам, знаеш дека со ова го обиколувам цел Земун, не може поинаку – продолжи Јована.

Заедно со видеото водителката напиша „Тајната на мојот успех“.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ неодамна откри како да се ослободите од стресот:

– Пукам во стрелиште, тренирам фитнес… користам „zig zauer p320“ и тој пиштол ми стои одлично и задоволен сум од тоа како ми оди. Сакам да возам ролери, да слушам музика и да се трудам да се опуштам на некој начин. Жал ми е што немам многу време за читање. Моето дете е мало и ми недостасува читањето, изјави Јована.