Охриѓанка си го напуштила домот и заминала да работи во странство, а оттогаш никој не може да стапи во контакт со неа.
Затоа тие ја пријавиле во Полиција.
„На 15.03.2024 во 09.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 11.03.2024, А.Д.(38) од Охрид, го напуштила домот и заминала на привремена работа во странство. Според пријавеното, оттогаш таа е недостапна за семејството. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се вели во информацијата која ја споделија од СВР Охрид.